Братот на обвинетиот Нинџа, Благоја Василевски, попладнево влезе во судница во Кривичниот суд во Скопје за да сведочи за настаните од крвавиот четврток како сведок предложен од одбраната на негиовиот брат.
Благоја Василевски е телохранителот на поранешниот премиер Никола Груевски кој на 27 април беше со него во Виена. Во обвинениотo за 27 април пишува дека дента пред упадот во Собранието имало повик од службен телефон од редовите на обезбедувањето на Груевски.
– На 27 април 2017 бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар. Разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка, кратко беше – рече Благоја Василевски.
Тој, одговарајќи на прашањата, потврди дека кога е на пат, Нинџа бил внимателен и му пишувал прво СМС порака пред да стапи во контакт, како што било на 27 април.
Истата верзија, претходно во својот исказ ја раскажа и обвинетиот Александар Василевски Нинџа.
Кога станува збор за неговиот исказ, конкретно за тоа што се случувало на критичниот ден – 27 април, Нинџа пред судот директно со име и презиме посочи лица вклучени во координацијата на настаните од критичниот ден наведувајќи дека „На 8. кат во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се координираше 27 април“.