Братот на кучето на Путин е еден од подароците за роденден на Вучиќ (ФОТО)

294

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го прославува својот 49. роденден.

Меѓу првите кои му честитаа, беше словачката амбасадорка во Белград, Дагмар Репчекова, која и оваа година, како и лани, му донесе подарок и торта.

Претседателот на Кина исто така му упати роденденска честитка, а Вучиќ како подарок го доби и кучето Пако, брат на шарпланинецот кој тој му го подари на Путин.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...