Братот на Кејт Мидлтон проговори дека поради неа страда од долгогодишни болести ФОТО

Поради постојаната медиумска изложеност, со текот на времето му се дијагностицирани низа нарушувања, меѓу кои и депресија и синдром на недостаток на внимание и хиперактивност.

4404

Џејмс Мидлтон, на јавноста попознат како брат на една од најпопуларните личности во Велика Британија, но и во светот, Кејт Мидлтон, отворено проговорил за борвата која со години ја водел потполно сам.

Под лупа на јавноста се нашол во 2003 година кога светот дозна за љубовната врска помеѓу Кејт и принцот Вилијам. Џејмс тогаш имал само 23 години, а за магазинот „Татлер“ признал дека не бил подготвен да се справува со она што на неговото семејство му се случило откако станало јасно дека неговата постара сестра ќе стане војвотката од Кембриџ.

Открил дека наглата популарност на неговата сестра ставила голем притисок на неговиот успех и поради тоа и секој негов можен пад бил пред очите на јавноста. Денес, Џејмс сегогаш ги одбира зборовите кога е во прашање неговото семејство бидејќи, како што вели, тие водат потполно одвоени животи.

Иако неговити најблиски почувствувале дека нешто се случува со него, тој одлучил да ги исклучи од својот живот и престанал да разговара со сите.

Според неговите зборови, тој поминал низ еден сложен период и не можел да комуницира со блиските, меѓу кои и семејството и пријателите.

– Сите беа загрижени за мене и тие ми пишуваа, но јас не одговорив на нив и потонав длабоко во очај – рекол Џејмс.

Во јануари Џејмс Мидлтон реши да зборува отворено за својата болест, бидејќи ја почитува активноста на принцот Вилијам и неговата сестра Кејт.  Џејмс ја нарече депресијата „рак на умот“, а исто така признава дека му е дијагностициран „Синдром на дефицит на внимание”.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...