Братот на загинатиот Хари за имунитетот на Американката: Тоа е како да ни удрија бокс в лице

Тој додаде дека се чувствува како на неговото семејство постојано да му е повторувано: „Таа не се враќа назад, крај на приказната. Одете и плачете дома“.

488
ФОТО: Метро

Братот близнак на тинејџерот кој загина во сообраќајка во Велика Британија, наводно предизвикана од Американка, тврди дека нејзиниот дипломатски имунитет е „како бокс в лице“, пренесува „Метро“.

Деветнаесетгодишниот Најл Дан вели дека сака да го жали брата си, но наместо тоа, неговото семејство е во борба за да ја натера 42-годишната Ен Сакулс да се соочи со правдата.

– Не сум среќен како заврши ова. Сакав само да го жалам својот брат. Кога ни беше кажано дека Ен Сакулс има дипломатски имунитет, тоа беше како да ни удрија бокс в лице – вели Најл за Скај Њуз.

Тој додаде дека се чувствува како на неговото семејство постојано да му е повторувано: „Таа не се враќа назад, крај на приказната. Одете и плачете дома“.

– Беше навистина тешко да слушнам дека Ен Сакулс има имунитет, дека нема каде да се оди, ништо што да се направи. Тоа ме направи бесен. Хари го изгуби животот. Ние изгубивме се. Сакам да знам кој одлучи дека ова е во ред да ни се направи на нас – вели Најл.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...