Братот на еден од убиените на Рузвелтова беше изрешетан пред пет години во чајџилница

6467

Наим Ајети (44), еден од двајцата убиени во престрелката на Рузвелтова кои уште синоќа им подлегна на раните, е брат на Џелал Ајети -Џељо кој беше убиен во Сингелиќ пред 5 години.

И при оваа пресметка, полицијата на местото на настанот пронајде 30 чаури, пет помалку од синоќа. Џељо беше убиен во неговата чајџилница со автоматско оружје, а на полицијата и беше познат по неговото богато криминално досие. И за ова, како и за синоќешното убиство, неофицијалните информации се дека станува збор за криминална пресметка.

Инаку, по вчерашната пресметка, освен Ајети имаше уште една жртва, 47-годишникот кој два часа по приемот на Ургентен центар односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.

Двајцата, со уште едно 19-годишно момче биле во автомобилот „сеат алтеа“ кон кого е пукано со друго возило.

Момчето е хоспитализирано, извршена му е хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...