Фекри Ахмети, братот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, смета дека дел од кадрите на владиниот коалициски партнер треба да заминат во политичка пензија и дека ги немаат потребните лидерски вештини, пренесува Алмакос.
Коментарот на Фекри Ахмети е даден на анкетата на тетовски портал за тоа, кој кандидат заслужува да го предводи новото министерство за политичкиот систем каде што се предложени Изет Меџити, Хазби Лика, Невзат Бејта и Муса Џафери.
– Ниту еден од нив нема младешка мотивација и лидерски вештини, затоа треба да размислат за пензија – коментира братот на Ахмети.