На предлог на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за заслужен граѓанин за идната година советниците на општината денеска го изгласале Бранко Огњановски, познат како Миле Паника.
Како што соопштува општината на својата официјална веб страна, Огњановски освен што е долгогодшен граѓанин на Карпош, тој е и еден од најафирмираните сатиричари кај нас.
Инаку, општината Карпош, во Новата 2019 година ќе стартува со буџет од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е „покус“ за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра. Сепак, советниците на Општина Карпош беа едногласни дека тој е скроен во „реални рамки“.