Бракот значи спас од стресот, според ново истражување

317
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Наспроти урбаната легенда, научници утврдија дека бракот значи помалку стрес, посочува истражување објавено во списанието „Сајконеуроендокринолоџи“.

Испитувањата покажале и дека луѓето в брак имаат најниско ниво на кортизол – хормонот на стрес. Главниот научен аргумент е дека луѓето полесно се справуваат со стресот кога не се сами.

Важно е да се напомене и дека највисоко ниво кортизол имале оние кои биле во брак па се развеле, но и оние коишто се соочиле со смртта на својот партнер.

Нивото на кортизол се менува во текот на денот. Највисоката точка ја достигнува, главно, во раниот период од денот, а обично, како што денот минува, така и тој параметар опаѓа. Во таа смисла, истражувањето бележи побрз пад меѓу венчаните испитаници во споредба со другите групи.

Статистикат,а пак, говори дека како што стресот се поврзува со настанокот на ракот или срцевите болести, така луѓето кои се в брак се помалку изложени на ризикот од овие болести.

Стручните лица, сепак, истакнуваат дека заклучоците не се лек за сите ситуации. Нема смисла да се венчате со првата личност во која ќе се вљубите или, пак, да спасувате нешто што нема иднина за да ја спречите појавата на стресот кај вас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...