Бразил ќе спарингува со Хрватска и со Австрија

„Кариоките“ со Хрватска ќе играат на 3 јуни на „Енфилд“ во Ливерпул, две седмици пред почетокот на Светското првенство 2018 во Русија.

74

Петкратниот светски шампион Бразил договори два контролни натпревара пред почетокот на Светското првенство во Русија.

„Кариоките“ со Хрватска ќе играат на 3 јуни на „Енфилд“ во Ливерпул, две седмици пред почетокот на Светското првенство 2018 во Русија.

Бразилскиот национален тим ќе одржи тренинг-камп во базата на Тотенхем во Лондон од 28 мај до 8 јуни.

На 10 јуни Бразилците ќе играат пријателски натпревар со Австрија во Виена.

Бразил на СП ќе игра во Е-групата заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.

ФОТО: You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...