Бразилската полиција во централната држава Гојас синоќа соопшти дека „исцелителот“ кој е обвинет за сексуално злоставување на повеќе од 300 жени, им се предал на властите.
Против Жоао Тејшеира де Фарија, познат како Жоао де Деуш, во петокот беше издаден налог за апсење, и му беше даден рок да се предаде до недела во 15 часот по локално време.
Телевизијата Глобо јави дека во средата „исцелителот“ повлекол 35 милиони реали (околу осум милиони долари) од неколку свои банкарски сметки. Тоа било причина властите да издадат налог за негово апсење, за да го спречат да избега од Бразил или да го скрие парите.
Наводиот исцелител (76) тврдел дека „лекува духовно“ во својот храм во Абадианија, во државата Гојас. Скандалот избувна откако минатата недела телевизија Глобо објави истрага со сведоштва на жени за „сексуални чинови“ кои Жоао де Деуш ги извршил врз нив додека „духовно ги лекувал“. Меѓу жртвите е и неговата ќерка, Далија Тешеира. Таа за бразилскиот медиум открила дека татко и почнал да ја силува на нејзина 10-годишна возраст до 14 години.
– Мојот татко е чудовиште – рекла Далва, која сега има 49 години.
По емитувањето на сторијата на телевизијата Глобо, стотици жени изјавиле дека биле жртви на сексуало насилство од Жоао де Деус. Обвинителството во државата Гојас добили 330 жалби од целата земја, како и од шест странски држави – Австралија, Белгија, Боливија, Германија, САД и Швајцарија.
ФОТО: МИА