Бразилката Валентина е првата трансродова манекенка во „Викторијас сикрет“ ФОТО

Валентина Сампајо неодамна влезе во историјата како прва трансродова личност што се појавила на насловната страница на „Вог“.

1246

Бразилката Валентина Сампајо е првиот трансроден модел на американскиот бренд на луксузна долна облека „Викторијас сикрет“.

На својот профил на Инстаграм, Валентина Сампајо сподели фотографија на која седи како стол во бел бадемантил, а ја означила и розовата линија на долна облека од марката „Викторијас сикрет“. Само еден ден подоцна, таа објави кратко видео со порака дека никогаш не треба да се откажувате од своите соништа.

Многумина заклучија по оваа објава дека Валентина Сампајо станала првиот трансроден модел на овој моден бренд.

Валентина Сампајо неодамна влезе во историјата како прва трансродова личност што се појавила на насловната страница на „Вог“.

Валентина Сампајо објави фотографии од зад сцената на Розовата кампања на „Викторијас сикрет“.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...