Браво Мицковски !

5305

„Кој е Мицковски да му каже на народот што треба да прави? Кој ми го дал мене тоа право?. Ден потоа ,“сите заедно ке излеземе пред нацијата и ке се поклониме, каква и да биде одлуката!“.Ова се главните пораки и ветувања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кон членството, симпатизерите и истомислениците од митингот во Кичево. Преведено со политичкиот речник, пораката на Мицковски гласи : “ ваша ке биде одлуката дали ке излезете на Референдумот, дали ке бојкотирате, дали ке гласате „за“ или „против“. Доколку навистина е искрена идејата на Мицковски, без некоја подземна кампања и познатите централистички директиви кон сопствените милитанти, ова е добра вест за Зоран Заев.

Нема сомнение дека политичкиот живот не се одвива праволинејски, и често се случува патот на политичарот да е испреплетен со бројни пречки, крстопати, скршнувања кои ја одредуваат неговата судбина, успех или дебакл. Постојат моменти кога е неопходно лидерите да донесат тешки и понекогаш неочекувани одлуки кои се спротивни на еуфоријата, популизмот или силните внатрепартиски фракции и лоби групи. Во таква состојба е и Мицковски. Неговиот однос кон Референдумот за Договорот со Грција чиј успешен епилог е вајлд – карта на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, може да му ја продолжи кариерата или целосно да го маргинализира.

Зошто е состојбата компликувана за Мицковски?

Мицковски е свесен дека, Договорот за надминување на спорот со името е дело на политиката на Заев и неговиот толерантен и конструктивен дух во синергија со МНР Димитров. Знае дека доколку успее Референдумот, РМ ке се здобие со членство во НАТО и ЕУ, а во историјата ке остане запишано дека : „токму Заев , владата на СДСМ и нејзините партнери се најзаслужни за најважниот чекор на РМ по стекнувањето на независноста“. Разбирлива е и љубомората и немоќта пред фактите но и пред огромната подршка што Брисел и Вашингтон му ја даваат на Заев. Мицковски и сите што се резервирани кон овој чин се меѓународно изолирани. Токму присутноста на првата европската лига политичари на чело со Меркел и Генералниот Секретар на НАТО Столтенберг во Скопје, е со цел да го подржи евро-атлантизмот на Заев, Референдумот но и во живо да допрат до свеста на најголемата опозициона партија.
Мицковски е долго време под притисок на “старото ВМРО-вско јадро“, додека неговиот простор за полиберални потези беше целосно блокиран. Тој повееке не смее да е заложник на Никола Груевски. Пораките од неговиот прес беа јасни: „Договорот е издајнички чин“, иако од Викилис дознавме дека и тој пристапил кон тој „издајнички чин“. Тој тоа може да го каже бидејки е уплашен за сопствената судбина, барајки сламка на спасот од Идризово. Во овој миг судбината на партијата, на Мицковски и на ДПМНЕ не го интересираат.

Мицковски нема аргументи

Од друга страна Мицковски како лидер на опозицијата мора да мисли на сопствената индина, на иднината на партијата и конечно на РМ. Јасно му е доколку отворено го подржеше Референдумот дека ке се соочи со одредени загуби на позициите во партијата. Затоа почна да тактизира. Тој долго време молчеше, не се изјаснуваше отворено против Референдумот и водеше вид партиска предизборна кампања против СДСМ. Го користеше јазикот на Заев од опозиционото минато. За секој ситен настан се држеа пресови со злоупотреба на бројните „лажни вести“. Во однос на Референдумот и Договорот, не беше во состојба да предложи ниту еден валиден аргумент. Пред аргументите за членството во НАТО и ЕУ се заговараа некои неуверливи библијски идеји и надмината концепција на „древен национализам и патриотизам“. Беше свесен дека „руската опција“ не пали, особено меѓу помладите. Воедно и неизвесноста во која заплови партијата го оневозможуваше да покаже сериозна политичка визија. Мицковски настојуваше да осмисли некој нов простор за да ги зачува позициите во партијата. Нема сомнение дека стравувал од бројните интерни притисоци, што влиајаело врз неговата нерешителност и затоа во неговиот дискурс евидентна е “афективната проекција“ кон Референдумот и Договорот со Грција. Сепаак под притисок на европските сестрински партии и големите сили, претпоставувам дека постепено успева да ги разбие погубните илузии. Токму неговото скршнување од линијата на старото јадро на ДПМНЕ е нивно дело.
Во услови на неизвесност експертите препорачувааат една едноставна метода: “земи лист хартија и напиши ги на една страна позитивните а на друга страна негативните ефекти во разрешување на дилемата“. Размислувај позитивно и со визија, и потоа храбро повлечи го разумниот потег. Да се надеваме дека Мицковски добро ја владее оваа материја.

Политичката позиција на Мицковски се практикува во современиот свет

Во 1981г за време на председателските избори во Франција, кога созреа политичката атмосфера за промени, се соочија социјалистот Франсоа Митеран и десничарот Жискар Д ‘ Естен. Тогашниот перспективен политичар и десничар Жак Жирак не успеа да се пробие во вториот круг. Разочаран од аферата со „дијамантите на Бокаса“ и улогата на неговиот близок политички партнер Жискар, Ширак наместо подршка, тој отворено им порачал на своите гласачи: “гласајте според вашата совест“. Таквата порака била од решавачко значење за поразот на Жискар Д’ Естен. Од овој пример француските аналитичари го елаборираа како концепт на „полезно гласање“.
Слична состојба се случи и во 2002, кога во вториот круг на председателските избори во Франција, се пласирале Жак Ширак и неофашистот Ле Пен. Најголем губитник бил председателскиот кандидат, социјалистот Жоспен. Овој пат социјалистите но и бројни невладини организации и медимуи, инспирирани од аантифашистичкото минто го формирале „Народниот фронт“ и во еден глас порачле: „гласајте за Ширак“.

Балгодарение на „Народниот фронт“, Ширак надмоќно победи со 89,6% од излезените бирачи. И овој пат концептот на “полезно гласање“ и политичката култура на Французите ги надмина идеологијата и тесните интереси на политичките партии а во името на Ришељевиот „Raison d’Etat “, односно највисокиот државен интерес.

Македонскиот Raison d’Etat е членството во НАТО и ЕУ

Нема потреба од големи филозофии кога е во прашање најзначајниот државен интерес на Република Македонија. Интегритетот на територијата, нејзината безбедност, стабилност, суверенитет и благосостојба, кои ги гарантира членството во Алијансата и ЕУ се највозвишени стратешки вредности и цели на нашата држава. Референдумот и Договорот за името се алатките преку кои ке се реализираат желбите на мнозинството граѓани во РМ. За тоа е свесен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски. Затоа ова е историски момент кога политичарите и народот на РМ се на судбоносен крстопат.

Доколку Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во успешноста на Референдумот, дури и на овој начин што го најави лидерот на десницата, и тие ке се дел од позитивната историја на Маакедонија. Доколку РМ се здобие со членство во Алијансата и Мицковски и неговата партија ке профитираат од новиот демократски релјеф, довербата на меѓународата заедница и политичката солидарност во државата. Единствено се збунувачки позициите на Председателот Иванов и неколкуте истомисленици, меѓу кои забележувам и членови на Европското движење. Навистина сме чудна земја. Некои интелектулци немаат визија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...