Бојкотирачите од дијаспората се сликаа сами и се пофалија на Фејсбук ФОТО

4192

Извесен Јане Мавчев, иселеник во Австралија, преку фотографија на Фејсбук со други бојкотирачи на референдумот се „пофалија“ дека во Мелбурн гласале само 7 „предавници“. Тие на социјалната мрежа објавија и фотографија од самите нив.

Токму од Мелбурн од утрово група малтретирачи објавуваа фотографии на Фејсбук страница, но таа набргу беше укината. Сепак, видеа и фотографии кои ја нарушуваат приватноста на гласачите може да се забележат на дел од личните профили на иселениците. Во видеата можеше да се види како пред Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија група иселеници снимаат гласачи на референдумот и ги нарекуваат „предавници“, а нивните идентитети ги објавуваат и на социјалните мрежи.

Повеќе за случувањата во дијаспората:

СКАНДАЛ Бојкотирачи снимаат и објавуваат „предавници“ кои гласаат во Австралија ВИДЕО

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...