Околу илјада граѓани се собрани пред Собранието, каде сообраќајот е блокиран.
Претставници на „Бојкотирам“ поставуваат бина, носат државни знамиња, пуштаат патриотиски песни.
Движењето „Бојкотирам“ го слави „неуспешниот“ референдум со кој, според нив, се зачувал идентитетот на Македонците.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров прочита 18 точки од како што ја нарече Декларацијата на движењето, меѓу кои бара поништување на Договорот кој Македонија го потпиша со Грција, а воедно го повика ОЈО да поднесе кривична одговорност за македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров кој е потписник на тој договор.
Петров го повика претседателот доследно да го почитува Уставот и да не прифаќа никакви уставни измени.
Пред и околу Собранието има видно полициско обезбедување, како и бројни медиумски екипи од Балканот и Европа.
Фото: 1ТВ