Концептот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е дека Република Северна Македонија мора да биде држава на сите, дека не смее да има кираџии и газди во аваа земја, дека не смее да има граѓани од прв и втор ред и дека сите што живееме тука имаме еднакво право да ја штитиме, сакаме државата и државата апсолутно еднакво да одговара на нашите потреби, соопшто партија Бошњачки демократски сојуз по средбата со Пендаровски.
– Претседателот на партијата, Мунир Колашинац истакна дека Бошњачкиот демократски сојуз ќе го поддржи Пендаровски на претседателските избори и ги повика членовите, активистите и симпатизерите на Бошњачки демократски сојуз како и Бошњаците да гласаат за Пендаровски на претстојните претседателски избори, соопшти партијата.
.