Владиниот портпарол Миле Бошњаковски најверојатно ќе биде првиот човек во новиот кабинет на претседателот Стево Пендаровски.
На прашање на Плусинфо да ги коментира шпекулациите за шефовско место во кабинетот на Пендаровски, Бошњаковски вели дека засега нема официјална информација што може да ја сподели со јавноста.
Неофицијално, се дознава дека дел од тимот на претседателот можно е да бидат и Тоше Зафиров како и Александар Спасов, луѓето кои беа со Пендаровски и за време на претседателската кампања.