Бошњаковски се сели на Водно: Ќе биде генерален секретар во кабинетот на Пендаровски

498

Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

– Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист – рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...