Сите во Република Северна Македонија се должни да го почитуваат Уставот на државата, вклучувајќи го и претседателот Ѓорге Иванов, порача владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.
– Очекуваме дека ќе ги постигнеме роковите, бидејќи се пакет клучни реформски закони. Се надевам дека Иванов ќе го почитува уставот и ќе работи во интерес на евроинтеграциите – изјави Бошњаковски.
11 закони кои ги врати Иванов повторно ќе бидат ставени на гласање пред пратеници, а потоа претседателот според Устав е должен да ги потпише. Меѓутоа, во иста ситуација со Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот за името, претседателот и по втор пат одби да го стави својот потпис, па законите отидоа во Службен весник само со потпис од Талат Џафери.
Очекувањата се дека истиот пат ги очекува и овие закони.