Бошњаковски: Нема потврда за нова средба меѓу Заев и Ципрас на Самитот во Лондон

143

Владата засега не потврдува дека премиерот Зоран Заев ќе има билатерална средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Самитот за земјите од Западен Балкан што наредната недела ќе се одржи во Лондон.

– Наредната недела патуваме на Самитот во Лондон и на Самитот на НАТО во Брисел. Доколку на маргините на некој од овие два самита има средба на двајцата премиери ќе ја информираме јавноста – рече на денешната прес-конференција владниот портпарол Биле Бошњаковски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање истакна дека не се водат ниту ќе се водат разговори за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи.

– Воопшто, ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се разговара за промена на химната на Република Македонија. Таа останува таква каква што е – рече владиниот портпарол.

Тој додадее дека нема разговори ниту за другите симболи, ниту било што надвор од тоа што било официјално кажано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...