Нема нови моменти и рокови, процесот тече, досега се поминати 20 поглавја и очекуваме позитивен политички сигнал за да можат да почнат интензивните подготовки, рече Миле Бошњаковски, владиниот портпарол во врска со почнувањето преговори со Европската Унија по најавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека очекува преорака во мајскиот извештај на ЕК.
– Нема ништо ново освен тоа што веќе го работиме како реформи. Не постои нов момент за кој треба да се одработи нешто. Дел од техничките подготвовки течат и во моментов. Речиси 20 поглавја се поминати од техничкиот подготвителен скрининг. Но, за подготовка на преговарачката рамка, билатерталниот скрининг и првата меѓувладина конфереција која го означува и стартот на преговорите потребно е зелено светло на политичко ниво во јуни, што официјално би не довело во интензивна подготвителна фаза. Значи сите временски рокови остануваат исти – изјави владиниот портарол Бошњаковски
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, вчера пред комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент повтори дека очекувањата на Европската комисија се дека во мајскиот извештај ќе препорача отворање на преговори со Северна Македонија, ако бидат исполнети поставените услови.
Комесарот уште еднаш повтори дека започнувањето преговори со Македонија, која не само што испорача реформи, туку е и единствената земја во регионот која нема ниту еден отворен спор со соседите, е прашање на кредибилитет за Европската Унија.
– Во мај ќе ги презентираме извештаите за напредокот за земјите и очекуваме дека врз основа на тоа што ќе го констатираме ќе дадеме препорака за Северна Македонија и Албанија, дека тие треба да влезат во подготвителната фаза на преговорите, посебно после позитивниот развој во Северна Македонија – рече Хан пред пратениците, а пренесе дописничката на МИА.
Еврокомесарот пред европските пратеници се обиде и да ги смири скептичните и загрижените земји кои се противат на брзо отворање на преговорите со Македонија со тоа што ги потсети дека станува збор за постепен процес.
На прашање на МИА дали има некакви промени во односот на ЕК кон Скопје и кои се неговите очекувања за јунскиот Совет каде треба да се разговара за проширувањето, Хан одговори:
– Ништо не очекувам и не сакам да шпекулирам, сакам да бидам кристално јасен дека она што се обидуваме да го постигнеме е договор за да почнеме да ги подготвуваме преговорите, реков дека е прашање на кредибилитет и одговорност како ЕУ, да се започне процесот, чиј следен чекор ќе биде отворање на следните поглавја – објасни Хан.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...