Бошњаковски: Лажна вест е дека се исшкртани табли со новото име

491

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека расте револтот кај граѓаните и оти се исшкртани табли со новото уставно име Република Северна Македонија.

„Лажна вест е дека има исшкртани табли, новите табли не се поставени сè уште никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.

Нови табли ќе почнат да се поставуваат откако Владата во Службен весник ќе објави дека Грција ги ратификувала Пристапниот протокол за членство во НАТО и Преспанскиот договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...