Дополнителни осум возила што ќе бидат земени од Министерството за земјоделство не биле употребувани и сега ќе се ставаат во функција за потребите на Првата помош, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-Министерството за здравство набавува 12 нови амбулантни возила. Овие осум постоеле во МЗШВ и биле речиси неупотребени. Идејата сега е целисходно да се искористат. Да им се најде употребна вредност – рече портпаролот.
Тој додаде дека „мерцедесот“ е сѐ уште дел од судската постапка поради што Владата не го користи.
– Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО. Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош -рече Бошњаковски.