Бошкоски: Рекоа „не го споменувај името Саша, туку шеф“

Како што сведочеше тој, не само што го легнале туку и го газеле, а еден од полицајците извадил пиштол му ја свтел главата нечовечки од што со денови имал траги на образот.

901

Жал ми е што се случи таков настан во поновата македонска иторија, настан кој сакам да го избришам од мојата меморија, но кој еве и денес ми се втаќа како еден лош филм, лоша епизода од мојот живот, порача Љубе Бошкоски во неговото сведочење за случајот „Тортура“ поврзан со неговото апсење ден по изборите во 2011 годна.

– На 6.6.2011 година ден после изборите ден повикан од еден мој пријател, во предметот, познат како заштитен сведок да се видиме и да решиме некои должнички доверителски односи кои сме го имале од порано. Се заврши разговорот со тоа лице кое го сметам за голем пријател. Излегов од ресторанот, со мене имав една кесичка со пари кои никогаш не ги броев и гледав иако беа пред мене изложени. Само што излегов и тргнав кон автомобилот некој извика полиција стој, кога почнаа да виката апси го јас тогаш ја фрлив кесичката со пари… Тогаш истрчаа почицајци. Некои со капи – фантомки, некои без, со голи раце тргнаа врз мене и ме донесоа до автомобилот, ми ги раширија рацете некои почнаа да ме претресува и се собра поголема група на полицајци, почнаа да викаат. Некои извикаа легнете го на земја ѓубрето, пи*ка му материна, легнете ги двајцата ѓубриња предавнички и во еден момент со некој, за мене непознат зафат, ме легнаа на асфалтот, ме струполија како најголем опасен криминалец иако ниту дадов отпор ниту абер имав во тој шок било што да коментитам – сведочеше Бошковски во судницата каде на обвинителна клупа седеа обвинетите припадници на Алфите и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Како што сведочеше тој, не само што го легнале туку и го газеле, а еден од полицајците извадил пиштол му ја свтел главата нечовечки од што со денови имал траги на образот.

– Почнаа да ме пцујат, еден од нив што ме држеше ми рече „ова ти е поздрав од шефот, ај сега лај ѓубре едно“. Некој рече, пцуејќи ја мојата сопруга со зборовите, дека „не ти бега 7-8 години затвор“. Некој од таа група рече ајде сега зборувај да те видиме „Летај Саша“, споменувајќи го името на нивниот шеф Сашо. Јас му реков единствено дека знам дека ме намести твојот шеф Саша. Некој извика да не се споменува името Саша, туку да се споменува името шеф, дигајќи го на ранг на библиска личност, бидејќи во Библијата стои „не го споменувај залудно Бог“ – раскажуваше Бошкоски.

Тој оцени дека апсењето било политички реваншизам што произлегол од неговите јавни настапи по напуштањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на Обединети за Македонија.

Бошкоски рече дека ќе бара обвинетите кривично да одговараат, а за оштетното побарување ќе каже во текот на постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...