Судот ги осуди на три години затвор Ненад Ѓорговски, поранешен координатор на проект обвинет за злоупотреба на службената положба во компанијата ЕЛЕМ во предметот „Тарифа“, што во 2017 година го покрена СЈО за јавна набавка вредна четири милиони евра и Методи Стојменовски, исто така поранешен вработен во компанијата е осуден поради сторени злоупотреби во јавна набавка при што ја оштетил компанијата за 228.820 евра или вкупно 456.560 евра како и Дејан Бошковски, поранешен генерален директор на ЕЛЕМ, поради злоупотреба на службената положба. Виновни се затоа што со тоа што не ја вршеле службената должност ја оштетиле компанијата за повеќе од девет милиони денари.
Според судијката Софче Гаврилова, тројцата ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите не ја извршиле службената должност и овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.
Според обвинението, системот воопшто не бил вграден, но и покрај тоа, директорите одобриле и дополнителни средства во висина од 456.420 евра за лиценци за одржување на софтверот, а одобриле и исплати во износ од 16.800 евра за сертификат за прифаќање на софтверот, што било услов за одобрување на исплаќањата за вградување на софтверот
За првата сума од над 400 илјади евра, тие се ослободени од вина.
Судот им наложи на Ѓорговски и Стојменовски, во рок од три месеци откако пресудата ќе стане правосилна, да ја надоместат штетата на АД ЕСМ и тоа Ѓорговски да врати 20.000 евра, а Стојменовски 30.000 евра.