Босанците направија игра во која главен лик е Изетбеговиќ како разбојник

228

Непознати автори направија видео игра насловена „Ел Баке“ во која главната улога ја има бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Тој во видео играта е облечен како разбојник кој собира пари низ БиХ, притоа ги избегнува полициските заседи и останатите препреки.

Играта, чие полно име е „Ел Баке собира пари по босанскохерцеговските градови“, веднаш стана хит, а почнува со воведното обраќање на Изетбеговиќ пред членовите на неговата Партија за демократска акција.

Играчот, кој управува со ликот на Изетбеговиќ ги собира парите на патот, притоа избегнувајќи ги заседите од полициски возила, но и пречките како што се демонстрации или дупки на патот.

За секое следно ниво, по градовите од Бужим до Сараево, се зголемува износот на пари кои можат да се освојат, а на последното ниво се добива бонус од вреќа со злато.

Во описот на играта во продавницата на „Гулг плеј“ авторите наведуваат дека таа се препорачува на „лица кои се наоѓаат меѓу 100.000 илјади вработени со вишок на време“.

– Ако Баке не ти помогнал на тебе, тоа не значи дека ти не треба да му помогнеш на него. Олесни му го патот на Баке во играта и можеби тој ќе ти го олесни патот преку граница, наведуваат авторите на играта.

Изетбеговиќ нема право да се кандидира на претстојните избори во октомври за член на Претседателството на БиХ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...