Босанците крстија ѕвезда и планета по Босна и Неретва

79

Меѓународната астрономска унија  Париз ги соопшти одбраните имиња за ѕвездата ХД-206610 и нејзината планета ХД-206610б, а за коишто гласале граѓаните на Босна и Херцеговина во рамки на конкурсот на светско ниво.

Гласањето е во рамки на прославата на стогодишнината на Унијата, па така БиХ гласаше за предложените вселенски тела од соѕвездието Водолија.

ХД-206610 е портокалов џин, ѕвезда оддалечена 482 светлосни години од Земјата. Го доби името Босона, а нејзината гасовита планета – Нарон. Тоа се латинските називи за реките Босна и Неретва.

Хрватите пак за своите ѕвезда и планета ги искористија старословенските божества Трибор (за ѕвездата) и Велес (за планетата)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...