Нови детали за запленетиот над еден тон колумбиски кокаин објавија босанските медиуми, откако и во Босна беше спроведена акција, при што зад решетки завршија две лица, јавува Канал 5.
Според пишувањата, со брод од Јужна Америка, големата пратка кокаин пристигнала на пристаниште во Италија, но веднаш реагирала тамошната полиција и тајно го извлекла кокаинот од контејнерите, но сепак оставила помала количина од дрогата, заедно со ГПС уреди, да стигне до крајните дестинации. Бродот го продолжил патувањето до пристаништето во Бар, каде подготвени да ја примат робата биле шест камиони – четири македонски и два босански.
Од босанската Агенција за истрага и заштита, за Канал5, ја потврдија акцијата.
Државната агенција за истрага и заштита, заедно со полициските и правосудните органи на Италија, Северна Македонија и Црна Гора учествуваше во реализација на меѓународна акција и во таа прилика пресече синџир за меѓународна трговија со опојна дрога – кокаин. На територијата на БиХ, полицајците на СИПА уапсија две лица, слушна повеќе сведоци, изврши претрес на повеќе лица, предмети и подвижни предмети и заплени предмети што може да послужат како доказ во понатамошната кривична постапка.“
Миладиновиќ додаде и дека тој не поседува информации за евентуално минирање на акцијата од страна на македонските колеги и било какво предупредување.
Претходно дополнителната заменичка во МВР, Славјанка Петровска, пак, истакна дека министерот Наќе Чулев добил предупредување од страна на италијанските власти, бидејќи оддавал информации, кои ја попречувале акцијата во Босна и Херцеговина.