На Бадник годинава, полицијата во босанскиот град Перовац казнила двајца мажи од српска националност поради тоа што на јавно место носеле шубари со кокарди.
Казната изнесувала 500 конвертабилни марки, а како што објави порталот Хајат, образложението било дека го нарушиле јавниот ред и мир. Исто така, посочено им било дека со шубарите на главата го навредувале верското и националното чувство на граѓаните.
Одборот за заштита на правата на Србите во Босна и Херцеговина, пак, соопштил дека на овој начин босанското Министерство за внатрешни работи ги крши правата на луѓето и непотребно ги малтретира жителите од српска националност во градот Петровац.
Фото: Hayat.ba