Босанец од Зеница завчера ја запросил својата девојка, а самиот чин на запросување ниту таа ниту нејзините соседи нема да го заборават.
Момчето ја повикало девојката до прозорецот за да ја побара, а бидејќи прозорецот на нејзината соба е на четвртиот спрат, изнајмил кран со корпа.
Покрај кранот, момчето ангажирало и свирачи на тамбура кои му се придружиле во корпата на кранот и ја свиреле омилената песна под нејзиниот прозорец.
Воодушевената девојка рекла „да“, а фотографиите од запросувањето ги преплавија социјалните мрежи, а потоа и медиумите во Босна и Херцеговина.
FOTO: Printskrin