Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски преку Фејсбук го честиташе Денот на македонската револуционерна борба. Тој сподели фотографија од прославата на празникот од Прилеп, каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска имаше обраќање. На фотографијата Ристовски е во друштво на Ганка Самоиловска Цветанова, Сашко Кедев и Игор Дурловски.
– Успешни и квалитетни луѓе се најлесни за комуникација. Заедно до обнова на Македонија! Честити празник, да живее организацијата, да живее Македонија, напиша Борко Ристовски.