Боркица рекла дека Груевски е излезен

Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но решението мора да го прими лично на рака.

5649

Судскиот курир што треба на Никола Груевски да му го врачи решението за извршување на затворската казна вечерва двапати заѕвонил на вратата на експремиерот, но не го нашол дома.

Првиот пат вратата ја отворила сопругата Боркица и рекла дека Груевски е излезен, објави ТВ Алсат М.

Според информации на телевизијата,  курирот вечерва пак ќе се обиде да го врачи решението.

Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но решението мора да го прими лично на рака.

Инаку, пред капијата на затворот Шутка поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го чекаат новинари, телевизиски екипи и фотографи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...