Борис Џонсон ја ставил ногата на маса додека разговарал со Макрон ВИДЕО

Шегувајќи се со домаќинот кој му ги покажувал предметите во собата, ја ставил ногата на масата.

564

Британскиот премиер Борис Џонсон во салонот на Елисејската палата пред снимателите, на почетокот на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, шегувајќи се со домаќинот кој му ги покажувал предметите во собата, ја ставил ногата на масата.

Пред разговорот за Брегзит, наслонет во фотељата, Џонсон накратко ја ставил ногата на масичката која Макрон штотуку му ја покажувал.

Макрон го модернизирал мебелот во палатата откако во 2017 година бил избран за претседател, определувајќи се за поопуштен стил и комфор наместо формалности.

Двајцата политичари се шегувале, а Џонсон им мафнал на новинарите и се насмеал.

Izvor: Tanjug/Christophe Petit Tešon, Pool via AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...