Британската кралицата Елизабета Втора денеска му го даде мандатот за состав на влада на Борис Џонсон, кусо откако Тереза Меј ја поднесе оставката во Бакингемската палата. Со тоа, Џонсон ќе стане 14-тиот премиер за време на 67-годишното владеење на 93-годишната кралица.
Неговата девојка Кери Симондс заедно со тимот на Џонсон чекаше тој да се врати од кај кралицата Елизабета и да влезе во владата на Даунинг стрит.
Фото: EPA/VICTORIA JONES / POOL