Борис Џонсон: Кремљ ја потцени силата на глобалната чувствителност

Говорот на министерот за надворешни работи на Велика Британија од 28 март, за масовното протерување на руските дипломати, едно поучно четиво за тоа како оваа земја гледа на своите клучи вредности.

453

Многупочитуван лорде-градоначалниче, ваши екселенции, дами и господа.

Сакам да ја разгледам глобалната улога на Британија и нашата работа со сојузниците во светот. Но, првин ќе се свртам на настаните од оваа значајна недела. Затоа што уште никогаш не сме имале такво масовно колективно протерување на руски дипломати, како што тоа беше за последниве неколку дена.

Како што забележав, веќе 27 земји ризикуваа да ги исфрлат луѓето, чие присуство повеќе не се смета корисно за општествените интереси. Се разбира, многу други избраа други начини на дејствување — на пример, правејќи силни изјави или намалувајќи го присуството на Светскиот шампионат (во фудбалзабелешка на преведувачот).

Но, со ваша дозвола, лорде-градоначалниче – не би сакал да бидам неподносливсепак, ќе потсетам на целиот почесен список на земј,и, што ги протераа дипломатите: 

Албанија, Австралија, Белгија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Шпанија, Шведска, Украина, Соединетите Американски Држави.

Покрај тоа, НАТО протера или лиши од акредитација десетина руски чиновници.


Има земји подготвени да кажат „доста“


Се чини очигледно дека
Кремљ ја потцени силата на глобалната чувствителност. Ако таму сметаа дека светот станал толку суров и циничен, што ќе го прости користењето на хемиското оружје во мирното место како Солсбери, ако веруваа дека страдањата на Сергиј и Јулија Скрипал на сите ќе им бидат сеедно, дека нема да обратиме внимание на непромисленото и дрското занемарување на јавната безбедност, чија последица беше да се даде потребна медицинска помош на уште 39 лица, ако тие беа сигурни дека сме ние толку морално слаби, толку зависни од јаглеводороди, толку не сме подготвени да ризикуваме и толку се плашиме од Русија, што нема да се осмелиме да одговориме еве го одговорот. Сите овие земји знаат дека се изложени на удар во одговор, и, искрено кажувајќи, многу од овие земји се поранливи од Русија, отколку ние – дали поради географијата, или поради енергетиката. Благодарен сум им, затоа што тие знаат дека и нивните дипломати во Русија, а исто така нивните семејства, се изложени на пресврт во нивниот живот.

Тоа изискува сила на волја и самопожртвуваност и од една земјада не зборуваме веќе за 27 – и, јас, искрено сум им благодарен.

Но, се разбира, знам дека овие изрази на благодарност до одредена мера се дрски. Затоа што ниту за миг не вераувам дека овој глобален бран на протерувања беа предизвикани само од Солсбери или поради сентименталната приврзаност кон Обединетото Кралствоиако не исклучувам дека и таквите чувства имаа одредена улога.

Тоа не беше само за нас: тоа беше за сите нас и за тоа во каков свет ние сакаме да живееме.

Затоа што верувам дека овие протерувања ни го покажуваат токму моментот кога одреденото чувство веќе се искристализирало, кога годините на иритирање и провокација го доведоа општото трпение до точката на кршење и кога по сиот свет — на трите континенти — веќе има земји, подготвени да кажат „доста“.

По анексијата на Крим, по навлегувањето во Донбас, по соборувањето на MH17, сајбер нападот, обидот за преврат во Црна Гора, прикривање на хемиските напади во Сирија, кршењето на Бундестагот, мешањето во изборите во светот, едноставно станаа премногу земји кои се уверија: однесувањето на руската држава е деструктивна и подмолна.

Настаните во Солсбери предизвикаа сочувство не само во Солсбери во Јужна Австралија, Солсбери во Пенсилванија, Северна Каролина или во Мериленд, туку во сите мирни гратчиња на Европа, кои би можеле да го искусат истиот таков напад, каде луѓето заслужуваат живот ослободени од страв. И по сите овие провокации, оваа недела стана исто време кога светот реши да каже „доста!“ на налетот на руската лага, серија на замачкувања на очите и интерконтиненталната балистичка измама.


Светот не верува во лагите на Москва


Отпрво ни рекоа дека
„Новичок“ никогаш не постоел. Потоа дека постоел, но тие ги уништиле резервите. Потоадека резервите избегале во Шведска. Или до Чешка. Или до Словачка. Или до Соединетите Американски Држави.

А следниот ден тие изјавија дека вистинскиот разработувач на „Новичок“ била Тереза Меј.

За последните неколку дена ни соопштија дека Сергиј Скрипал имаше наркотичко предозирање, дека тој се обиде да дигне рака врз себе, и, најверојатно, да ја земе својата ќерка со себе, дека обидот на неговото убиство беше одмазда за веројатното труење од Британија на Иван Грозниј, или дека тој го направи тоа за да се расипе празнувањето на Светскиот куп.

Навистина, Форин-офис веќе наброја 24 примероци на таквата смешна лага. И мило ми е што 27 земји станаа и кажаание повеќе нема да го голтаме ова вртење во круг.

Ова е слично на почетокот од „Злосторот и казната“. Во таа смисла дека ние сите знаеме кој е виновен — прашањето е само во тоа дали тој самиот ќе признае или ќе го фатат.

И во овие последни неколку дена, нашите вредности и нашата вера во меѓународниот поредок, што се потпира на правилаја докажаа својата силаНие добивме не само силен и брз мултилатерален одговор од страна на НАТО и Советот на ЕУ. Земјите, кои не се членки ниту на едното, ниту на другото, настапија и докажаа дека се благословени да бидат дел од пошироката заедница на идеали.

Верувам дека многу Британци најдоа утеха во примерот на тоа дека, иако ние излегуваме од ЕУ, ние нема да бидеме сами. И делот на оваа приврзаност кон Британија ја отсликува меѓусебната приврзаност од страна на Британија, покажана било во работата на нашите најдобри разузнавачки служби, било на нашите вооружени сили, било во развојот на нашите буџети.

Глобална Британија


Тоа е тоа, што јас го нарекувам
Глобална Британија. И ќе ја повторам безусловната и непоколеблива обврска на нашиот премиер: ние ќе застанеме за вас, како што вие стоите за нас.

Ние ќе ја продолжиме соработката — до 20% трошоци на ЕУ за одбрана, 25% на буџетот за помош, 55% тонажа на бродови за снабдување, потребни за поддршка на борбените бродови во морето, 100% за авиони со висока носивост.

Ние ја поддржуваме Естонија и ги тренираме Вооружените сили на Украина, ние сме присутни во Нигерија и на Блискиот Исток, каде уште оди војна со ИСИЛ, и каде Обединетото Кралство е на второ место по воздушните напади по САД.

Ние сме со вас во Сахел (британската војска се приклучува во кампањата против исламистите во пустината Сахел во Мализабелешка на преведувачот) или наскоро таму ќе бидеме, а бродот на Нејзиното Величество „Сазерленд“ сега во Тихиот Океан тренира заедно со нашите австралиски пријатели. Војските на Велика Британија се разместени во поголемиот дел од земји, отколку што е тоа кај било која друга европска сила.

И, јас, последната недела најавив проширување на нашето дипломатско претствништво. Ние испраќаме преку море уште 250 британски дипломати и отвотаме десет амбасади и претставништва во десетина суверени држави – тука е во приоритет Британскиот Комонвелт, особено имајќи во предвид дека ние следниот месец ќе бидеме домаќини на глобалниот самит. Воопшто Британија ќе има повеќе дипломатски мисии во светот отколку било која друга европска земјаза една повеќе од Франција. Патем, Министерството за надворешни работи на Франција беше воодушевен од оваа новостза нив нема подобар мотив за проширување на финансирањето, од проширувањето на Кралот Чарлс улицата.

Ние веруваме во ова проширувањеи ние ќе отидеме понатаму, особено во Африка. Зашто веруваме дека Глобална Британија фундаментално одговара на интересите на британскиот народ, затоа што отвореноста кон светот и меѓусебно делување со секоја земја значи дека Британците ќе имаат повеќе пазари за своите стоки, производи и идеи. Ние тоа го правевме со векови во големата револуција на слободната трговија, и тоа го направи ова место престолнина на светот и дозволи да се изгради Меншн-хаус, во којшто ние се собравме вечерва.

Со што се гордее Британија?

 

Кога ние следната година ќе излеземе од ЕУ, ние повторно ќе се потврдиме како независен член на СТО и ќе бидеме главен светски проповедник на слободната трговија.

И истовремено ќе покануваме таленти од странство ние имаме и ние тоа ќе го правимешто со векови доаѓаа до нашите брегови. Поколенија на луѓе кои сакаа да го проживеат животот без страв од осуда или прогонување, да живеат како што тие сакаат, под услов да не прават штета на другите. Таа наша етика на гостопримливост го направи ова место не само најразнобојно во светот, но исто така и најпродуктивно во Европа.

Денес Британија е најчеста дестинација за директни странски инвестиции по САД, нашето ниво на невработеност е најниско за 43 години (си спомнувам, некои луѓе предвидуваа дека тоа ќе се зголеми за половина милион луѓе), кај нас е најголем техничкиот сектор и најдобри се универзитетите.

Самиот Кембриџ универзитет доби повеќе Нобелови награди отколку сите универзитети на Русија и на Кина. Дури ако нивните награди се соберат и помножат со два.

Имаме најенергичен и најдинамичен културен сектор. Само едно место – Британскиот музеј – привлекува повеќе посетители, отколку десет европски земји вкупноНа нашите маси имаме минестроне, буабес, рататуј – зовриен и синкретичен коктел на култури, но ние исто така извезуваме не само стока (иако стока исто така), туку и идеи, склоности, модели на однесување. Мило мие да кажам дека во Чешката Република и Исланд на 7 јануари го празнуваат Денот глупавите прошетки во чест на Монти Пајтон.

Повеќе од девет земји имаат сопствени верзии на Дејвид Брент (херој на комедијата The Office — забелешка на преведувачоти многу ме радува фактот дека двата филма со најголема заработка во светот во изминатата година беа снимени или произведени во нашата земја – „Убавицата и ѕверот“ и „Војна на ѕвездите“.

И кое е најпознатото оружје во „Војна на ѕвездите“?

И каде беше создаден светлосниот меч? Во кој реон од Лондон? Во Аксбриџ и Јужниот Рајслип (навестување на потеклото на Џон Стирс — мајсторот на специјалните ефекти, што создаде значаен дел на познатите објекти на киноепопеата „Војна на ѕвездите“ — забелешка на преведувачот).

 

Нашето „оружје“


И то е сѐ што треба да знаете за разликата меѓу современата
Британија и владата на Владимир Путин.

Тие создаваат „Новичок“ — ние создаваме светлосни мечовиПрвото е грдо оружје, создадено за тајни убистваВторото е убав театарски реквизит, што мистериозно зуи.

Но, кое од овие видови на оружје е поефикасно во современиот светКое ја зајакна соодветната економијаКое ја зафати имагинацијата на три генерации деца и заработи милијарди? Кое го сакаат, а кое го презираат?

Ви велам дека арсеналите на нашата земја и нашите пријатели не се за да убијат со отров. Тие имаат нешто значајно помоќно — моќта на имагинацијата, креативноста и иновативноста, што подарува живот во слободно општество. Во тоа, што ние сега гледаме околу себе.

И тоа е силата што ќе победи. Во тој дух на сигурност и безбедност ние разбираме дека нашата работа е не само во тоа да се пазиме од руската држава, туку и во тоа да за сите наши денешни несогласувања ја подадеме раката на пријателство на рускиот народ.

Зашто ние нема да се измориме да повторуваме — параноидните пронајдоци на нивните водачи не се засноваат на ништо. Тие се опкружени не со непријатели, туку со земји, подготвени за почит и пријателство, кои беа принудени да прибегнат кон дејствија минатата недела, бидејќи тие само сакаат да се стави крај на ова деструктивно однесување. Кои што сакаат да живеат во мири меѓусебна почит и кои се надеваат дека некогаш ќе биде возможна уште покомерцијална и културна соработка меѓу нас и рускиот народ.

Верувам дека ќе дојде тој ден. Се надевам дека ќе дојде.

И кога ќе дојде, јас мислам дека ќе треба уште еднаш да им се заблагодариме на сите тие земји, што реагираасекоја на свој начиноваа недела.

Ние треба да ја сочуваме решителноста, зашто нема сомнеж дека нѐ чекаат нови искушенија. И ве уверувам дека за време на тие искушенија волјата на британската влада и народот ќе биде непоколеблива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...