Британскиот премиер Борис Џонсон денеска за време на посетата на мисијата на НАТО во Естонија им служеше празничен ручек на британските војници и им посака Среќен Божиќ.
– Она што го правите е исклучително важно затоа што сите во нашата земја можат да го слават Божиќ во мир и безбедност. Тоа покажува дека НАТО делува и дека ние во нашата земја сме апсолутно посветени на алијансата – рече Џонсон.
Околу 850 британски војници се во Естонија и се најголемиот британски контингент во Европа.