Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска го угости холивудскиот актер Силвестер Сталоне.
72-годишниот актер во Бугарија го снима ова продолжение на „Рамбо“. Ова е петтиот дел од епскиот филм.
За време на нивниот состанок во Советот на министри, Борисов му се заблагодари на Сталоне за неговите пофални зборови што ги рекол за Бугарија.
Борисов е еден од првите луѓе кои го виделе трејлерот на новиот филм од серијата „Рамбо“, чиј дел се снима во Бугарија.