Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија, како во НАТО, така и во Европската унија, и на тоа работиме сите, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на Македонија и за отстранување на нејзината меѓународна изолација.
Според Борисов, оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс“. (Агенцијата „Стандард и Пурс“ деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји).
– Тоа е да и помогнеме на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, затоа што направивме огромен напор за ова. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за тоа го кажа – изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.