Борисов: Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ

398
ФОТО: EPA / STR

Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ, порача синоќа бугарскиот премиер Бојко Борисов во Брисел во изјава за новинарите, јави бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

– Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сѐ додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец – таа ситна тема за едни херои што всушност биле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите наши песни се сврзани со нив. И постојано опозицијата ме прашува што прави Комисијата. Нека созреат – порача Борисов пред почетокот на седницата на Европскиот совет во Брисел.

Тој потоа го дообјаснува својот став за „непријателството“ од земјава и неговите очекувања за компромиси.

– Не можам тоа да го дозволам – Бугарија направи се и тие се вивнаа во небото. Сега тие ќе треба да прават компромис во Комисијата и во антибугарската реторика – рече Борисов, мислејќи на заедничката македонско-бугарска Комисија за историските прашања и учебниците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...