Борисов и подари мартинка на фон дер Лајен

530

Продолжуваме со целата наша волја да се бориме за добрососедство и разбирање. Убедени сме дека само на овој начин можеме да ја решиме не само мигрантската криза, туку и секоја криза. Ние сакаме да живееме во мир во регионот, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Фон дер Лајен оцени дека Борисов е не само добар пријател, туку и вистински Европеец.

– Разговаравме за соработка со Турција во регионот. За нас беше важно да научиме од огромното искуство што го има премиерот (Борисов) овде во регионот и добрососедските односи што ги има со соседните земји – изјави во Софија фон дер Лајен, која од бугарскиот премиер доби мартинка за подарок.

Според неа, бугарското искуство е од стратешко значење за регионот.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, исто така, ја истакна одличната соработка на бугарската влада со Европската унија.

– Денеска се уверивме колку сте посветени на заштитата на границата, и ова е важно не само за Бугарија, туку и за иднината на ЕУ. Ги гледаме сите напори што сте ги направиле досега и продолжувате да ги правите – рече Мишел, кој до утре ќе остане во Софија.

Претседателот на ЕС истакна дека Бугарија може да смета на европската солидарност доколку има потреба, јави БГНЕС.

Како заклучок, тој истакна дека денешната средба им помогнала да ги разберат заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите-членки.

Претходно Борисов, Фон дер Лајен и Мишел со хеликоптер правеа увид на бугарската јужна граница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...