Европската унија не треба да се плаши од прием на земјите од Западен Балкан, чиј бруто домашен производ зедно е колку оној на Словачка, а нивното население е помалубројно од она на Романија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.
– Западениот Балкан има 17,7 милиони жители и БДП од 96 милијарди евра. Дали е тоа причине за голем страв и опасност за ЕУ? – праша Борисов.
Тој нагласи дека на Самитот во Софија се водела плодотворна и искриена дискусија меѓу оние кои се за и против различните пристапи кон проширувањето за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Борисов праша зарем не е подобро земјите од Западен Балкан да преговараат со ЕУ и да се стремат кон исполнување на европските критериуми, отколку да им се дозволи на „други геополитички играчи да го зајакнат своето и онака силно влијание во регионот“.
– Јасно е дека силата на ЕУ во справувањето со сите прашања кои ги имаме со големите стратешки играчи во светот лежи во нашато единство – порача Борисов.
Говорејќи за единството, тој како значајно го нагласи тоа што денеска во Софија премиерите на Макеоднија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас „имаа добри вести за можен договор околу името“, како и тоа што претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се ракуваа, а германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон заедно шетале низ бугарскиот главен град.
Борисов на прес-конеференцијата нагласи и дека за прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе се разговара и на претстојниот самит на Унијата, што ќе се одржи следниот месец.