Борисов бара итна проверка на сите издадени пасоши

1044

Според наводите на бугарските медиуми, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, побарал ревизија на сите издадени бугарски документи на странци.

Тој своето барање го доставил до тамошното МВР и Државната агенција за национална безбедност.

Проверката треба да се изврши со акцент на документите издадени во последниве пет години, најбрзо што може, а добиените извештаи да му се достават лично на Борисов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...