Борел: Со новата методологија наградите ќе доаѓаат побрзо

196
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека предлогот за изменета методологија за пристапниот процес ќе ја врати довербата и ќе го забрза процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

„ЕУ не е комплетна без Западен Балкан“, напиша Борел на Твитер.

Тој оцени дека целта на предлогот на Европската комисија е да се отвори патот за подобра меѓусебна доверба меѓу Унијата и регионот и да се направи процесот на пристапување покредибилен и ефикасен.

„Истовремено, наградите ќе доаѓаат побрзо за напорите што ќе ги прават нашите партнери на патот кон членството во ЕУ“, заклучи Борел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...