Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

121
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му ја пренел веста.

– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива – посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

Борел присуствува на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан, што ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...