Борбите меѓу малолетниците од Капиштец не биле бесплатни: 20 денари за гледање, 300 за снимање ВИДЕО

4508

Борбите меѓу малолетници кои се одржувале на спортското игралиште во скопската населба Капиштец не биле бесплатни. Како што објави „Само прашај“, за гледање на борбите се наплаќало по 20 денари, а за снимање – 300 денари.

Министерот за образование, Арбр Адеми, не знае за организираните борби. Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска не се произнесе со нови детали, но родителите на учениците во општина Центар велат дека полицијата ги известила училиштата за овие настани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...