Борба помеѓу татко и кобра во тоалет во Јужна Африка (ВИДЕО)

489

Мајка во Јужна Африка се скаменила од страв кога ја земала петгодишната ќерка од тоалетот и во веце-школката забележала кобра.

Џулијет Рус вреснала и нејзиниот сопруг веднаш дотрчал, по што започнал борба со змијата.

Кобрата по некое време се вратила назад во канализацијата.

– Тоа беше застрашувачко искуство, нешто што се случува само во филмовите. Мојата ќерка го користеше тоалетот. Кога заврши, ја видов главата на змијата која се појави. Не сакав ќерка ми да ја фати паника, па ја советував да не гледа – рекла Џулијет.

Оваа змија е најчеста отровна влечуга во источниот дел на Јужна Африка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...