Борба за наталитет: По 100 евра за секое новороденче во Старо Нагоричане

Советниците на последната седница одлучија да остане одлуката донесена за ослободување од плаќање 15 метри кубни потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане

99

Општина Старо Нагоричане ќе исплаќа по 6.000 денари за секое новороденче. Со оваа одлука што ја донесе Советот на Општината на последната седница, се менува досегашната од пред дванаесет години со која за секое новороденче се исплаќаа по 50 евра во денарска противредност.
Одлуката ќе стапи во сила осум дена од објавувањето во Службен гласник на општина Старо Нагоричане.

Покрај оваа одлука, советниците на последната седница одлучија да остане одлуката донесена за ослободување од плаќање 15 метри кубни потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку Јавното комунално претпријатие „Козјак” Старо Нагоричане.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...