„Бомби“ во судница – Едни да гласаат за Струмица, а другите да им вратат за Чаир

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 27 август со сослушување на сведоците од ДИК, Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.

577

Два телефонски разговори денеска одекнаа во судница на рочиштето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Во првиот разговор, Мијалков му се јавува на Тачи за да побара од него, претставникот на ДПА во ДИК да гласа за нивниот приговор за гласањето во Струмица на локалните избори 2013 година.

На втората снимка се слуша како Мендух Тачи му се јавува на членот на ДИК Бедредин Ибраими и му кажува да гласа за приговорот за Струмица, бидејќи така е договорено, односно ВМРО-ДПМНЕ да гласа во Чаир.

Потоа, во судница беше пуштена и ДВД снимка од седница на ДИК во која членовите расправаат по приговорот на член на Општинска изборна единица во Струмица каде што на снимката се слуша дека поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко вели дека нема основ за поништување на гласањето на спорното избирачко место, додека, пак, членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ му посочуваат дека тоа мора да се поништи, а на крајот се слуша гласањето во кое со четири гласа „за“ и три „против“ гласањето на избирачкото место 1727 е поништено.

Обвинетиот Мендух Тачи побара транскрипт со превод на целата сеница на ДИК со што судијата Огнен Ставрев рече дека ќе проба да обезбеди, бидејќи на снимката се слушаат повеќе разговори одеднаш.

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 27 август со сослушување на сведоците од ДИК, Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...