Бомба тешка еден тон откриена во Црна Гора

553

Неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, тешка еден тон, денеска е откриена при градежни работи на автпат во Црна Гора, објавија црногорските медиуми.

Припадници на единицата за вонредни ситуации ја отстраниле експлозивната направа и таа ќе биде деминирана. Бомбата имала два детонатора.

Движењето на сообраќајот било еден и пол час во прекин поради поголема безбедност при транспортот на бомбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...