Бомба разнесе автомобил во Подгорица, еден загинат ВИДЕО

1883

Едно лице загина, а уште едно е тешко повредено и е префрлено во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора, откако вечерва околу 19.30 часот била активирана бомба под автомобил во црногорскиот главен град Подгорица.

Црногорските медиуми јавуваат дека загинат е еден маж од криминална група , кого специјалното обвинителство го сомничи за ликвидација на осуденик кој неодамна бил  ликвидиран во Атина.

Од ескплозијата уште едно возило било зафатено од пожар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...