Едно лице загина, а уште едно е тешко повредено и е префрлено во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора, откако вечерва околу 19.30 часот била активирана бомба под автомобил во црногорскиот главен град Подгорица.
Црногорските медиуми јавуваат дека загинат е еден маж од криминална група , кого специјалното обвинителство го сомничи за ликвидација на осуденик кој неодамна бил ликвидиран во Атина.
Од ескплозијата уште едно возило било зафатено од пожар.